Вчерашниот триумф на тимот на Челзи на гостински терен над Астон Вила со конечни 1:3, во рамките од најновото коло од Премиер лигата, не мина без проблеми.
Страдаше задната ложа на Тијаго Силва, кој прерано го заврши мечот, како и Нголо Канте кој почувствува пролеми во коленото.
„Повеќе ме загрижува ситуацијата со Канте. Се виде дека има болки. Што се однесува до Силва, мислам дека на време го напушто теренот и не направи поголем проблем.Многу веројатно и обајцата се во „аут“ за мечот во среда“ – изјави по мечот тренерот на Челзи по вчерашниот меч, Томас Тухел.