Реал подготвува голема чистка

1335

Шпанските медиуми јауваат дека во соблекувалната на Реал Мадрид се подготвува голема чистка која ќе ги зафати веќе дотрајаните големи и прескапи звезди, кои на клубот во моментов му даваат многу малку.

Во прв ред тоа е Герет Бејл, кому конечно на лето му завршува договорот, а нормално нов нема теоретски шанси да му биде понуден, а како втор е напаѓачот Иско.

Тој има собрано едвај двестоти на минути на терен сезонава, што  нормално е очајна минутажа и секако дека ниту Реал но ниту тој самиот не е задоволен со тоа. И неговиот договор е на крајот, истекува на лето, па и тој за неколку месеци ќе има нов клуб.

Ветеранот Марсело исто така ги игра последните мечеви на Сантијаго Бернабе, по сезони и сезони минати во белиот дрес, каде што освои грст трофеји, но и него го прегази времето.

Маријано Диаз, Еден Азар и Лука Јовиќ се во плановите на тренерот Анчелоти, но клубот со оглед на нивните примања, и тоа како е заинтересиран да ги испрати на друго место и да се ослободи од голем товар во месечниот буџет за плати.

 

ПретходноРангник: Да се укинат празничните мечеви? Ајде да ја укинеме и кралицата тогаш….
СледноАрсенал и Тотенхем се повлекуваат од Влаховиќ, Србинот бара огромни пари