Португалскиот стручњак Пауло Соуса ја изненади спортската јавност во Полска со тоа што јасно ја изрази намерата да ја напушти селекторската позиција и да му се приклучи на бразилскиот гигант Фламенго.
Полска која преку бараж ќе се бори за пласман на СП, не сака да го пушти селекторот и да ја остави репрезентацијата без завршен циклус, а еден од најпознатите полски фудбалери Роберт Левандовски е разочаран од потегот на селекторот.
„Ова не го очекував од него. Шокиран сум и разочаран од неговата постапка“, рече напаѓачот на Баерн.
Првиот човек на ФС на Полска исто така е изненаден од одлуката на Португалецот.
„Денеска Пауло Соуса ни кажа дека сака да го раскине договорот со Полска поради понуда од клуб. Тоа е неодговорно однесување, спротивно на претходните изјави. Затоа го одбивме овој предлог“, изјави претседателот на ФС Полска Сезари Кулеса.
Во меѓувреме спортскиот весник „Przeglad Sportowy“ на насловната страница го означи Соуса како дезертер.
CC: @paulomcdsousa pic.twitter.com/ePgJHAMHvO
— Przegląd Sportowy (@przeglad) December 26, 2021