Како што пренесува денешното издание на Калчомеркато, спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи во јануари ќе притисне сериозно за да ги доведе во Лондон, двајцата офанзивци на Јувентус, Вестон Меккини односно Дејан Кулушевски.
Швеѓанецот со Македонско потекло има минутажа во Јувентус, но очигледно дека од Торино проценија дека во моментов најдобро е тој да замине на друго место. Неговата вредност е сериозна на пазарот, а заедно со онаа на Меккини се проценува на 70 милиони евра. Тоа е сумата која што Тотенхем би ја платил за обајцата, а што е многу важно токму Паратичи беше дел од тимот на Јуве, кога овие двајца пристигнаа во Торино.