Утре и официјално започнува јубилејното 70. издание на Новогодишната турнеја „4 скокалници“. Најдобрите светски ски-скокачи, по традиција за време на новогодишните празници на четири локации ја почнуваат борбата за специјалниот пехар кој со години преставува вистински престиж.
Серијата почнува со првите квалификации во Оберстдорф утре додека ден подоцна на програмата ќе бидат и првите натпревари. Годинешната Новогодишна турнеја ќе трае до 6 јануари и ќе заврши со скоковите во Бишофсхофен.
За жал и оваа година натпреварувањето ќе се одвива без публика, поради пандемијата со Ковид-19. Германецот Карл Гајгер кој е лидер во Светскиот куп ќе биде фаворит, како и Јапонецот Рјоју Кобајаши. Од сенка своја шанса ќе чекаат Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд (25), Словенецот Анже Ланишек (25) и вториот Норвежанец, Мариус Линдвик (23).
Севкупниот победник на Новогодишната турнеја ќе добие 100.000 швајцарски франци (околу 96.000 евра).