„Ѓаволите“ со доза на среќа избегнаа пораз на „Сент Џејмс Парк“ (видео)

218

Фудбалерите на Њукасл и на Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 во рамките на 19. коло на англиската Премиер лига. Алан Сен Максимин во 7. минута ги доведе домаќините во водство, а изедначи Единсон Кавани во 71. минута.

Њукасл имаше добар старт, а екипата од Манчестер не шутна на гол по првите 30 минути. Во 37. минута Калум Вилсон погоди но линискиот судија покажа дека имало офсајд. Јунајтед избегна втор гол во мрежата.
На полувреме стратегот на гостите Ралф Рангник мораше да менува ги внесе во игра Кавани и Санчо (на местото на Гринвуд и Фред), па тимот конечно заигра поофанзивно и подобро. Инаку за малку можеше на стартот на вториот дел Њукасл да поведе со 2:0 кога по еден центаршут Сен Максимин се најде во добра позиција но слабо шутна, а Де Геа го одбрани неговиот удар од неколку метри.

Во 71. минута на асистенција на Роналдон, Кавани успеа да погоди. Во 87. минута Алмирот упати шут од далечина кој Де Геа со крајни напори го одбрани.

Јунајтед освои само бод кој го остави на седмото место на табелата (28 бода), додека Њукасл е претпоследен со 11 бода, а ова им е осмо реми.

ПретходноЛион доби две години забрана за настап во Купот на Франција
СледноСерија А ќе го одложи дербито меѓу Јувентус и Наполи?