Осум натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата, која и натаму се справува со инфекциите со Ковид-19. Во последниот, можеби и најинтересниот меч синоќа, Денвер славеше во Калифорнија на гостувањето кај ЛА Клиперс со 103:100 и успеа да ја прекине серијата од два последователни порази.
Никола Јокиќ со 26 поени и 22 скока повторно имаше „дабл-дабл“ учинок и беше еден од најдобрите кошаркари на паркетот, лидер во победата на Нагетс.
Дополнително, српскиот центар забележа осум асистенции со две украдени топки и две блокади.
На истокот, Филаделфија славеше против Вашингтон со 117:96. Џоел Ембид беше на висина на задачата со 36 поени и 13 скока. Четвртопласираниот на Истокот, Мајами Хит (21-13) го победи Орландо со 93-83 во дербито на Флорида, додека Чикаго (20-10) ја совлада Индијана Пејсерс со 115-103.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мајами – Орландо – 93:83
Кливленд – Торонто – 144:99
Вашингтон – Филаделфија – 96:117
Сакраменто – Мемфис – 102:127
Оклахома Сити – Њу Орлеанс – 117:112
Сан Антонио – Детроит – 144:109
Чикаго – Индијана – 113:105
ЛА Клиперс – Денвер – 100:103