Арсенал и Тотенхем се повлекуваат од Влаховиќ, Србинот бара огромни пари

414

Душан Влаховиќ е играчот за кого цела Европа зборува во моментов. Србинот растура во дресот на Фиорентина, има само 21. година и е огромна перспектива. Големите клубови чекаат во ред за преговори со напаѓачот, но очигледно дека дел од нив ќе се откажат уште на стартот.

„Дејли стар“ во денешното издание пренесува дека претставниците на Арсенал односно Тотенхем, непријатно биле изненадени од барањата на Влаховиќ за да прејде во еден од овие два Премиерлигашки клуба.

Имено, Влаховиќ побарал 200.000 фунти неделна плата што секако е огромна сума. Ајде што тој ја бара таа сума, клубот што го купува првично мора да издвои 80 милиони евра колку што Фиорентина го проценува напаѓачот во моментов.

Иако Премиерлигашите се клубови кои располагаат со огромни буџети на годишно ниво, и можат да си приуштат се и секого, но сепак, некои нешта едноставно се прескапи и за  нив.

 

 

ПретходноРеал подготвува голема чистка
СледноПроблеми за Челзи, повреди на Канте и Силва