Гостивар, тимот кој се натпреварува во ВМФЛ – ЗАПАД нема намера да престане со ангажманот на нови и квалитетни имиња во овој зимски преоден рок. По Муарем Муарем, Хусеин Демири и Ринор Ајдини, второлигашот од Гостивар денеска се пофали и со Ајрадин Цуцили кој направи трансфер од Охрид Лихнидос. Инаку Цуцули досега има играно и за екипите на Велазарими, Тетекс а има интернационална кариера во Косово.
Нема што, Гостивар не се шегува, има намера напролет да игра значајна улога во пренството во ВМФЛ – ЗАПАД.