Хрватската ракометна репрезентација се соочува со проблеми пред стартот на Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Хрвоје Хорват нема да може да смета на услугите на членот на Мионпеље, Верон Начиновиќ.
Иако го победи Ковид-19 и има ЕУ Ковид-сертификат, сепак тој не ги исполнува условите за настап на континенталното натпреварување. Има само една вакцина, втората не смее да ја прими пред 13. јануари. Ова значи дека дефинитивно ЕП ќе го следи од трибини или пак преку ТВ.
Иван Мартиновиќ имаше сличен проблем, но својата втора доза ќе ја прими пред стартот на континенталното натпреварување, па ќе може да учествува на истото.
Хрватска на ЕУРО ќе игра во групата Ц заедно со Франција, Србија и Украина.