ПСЖ под итно мора да заработи 100 милиони евра!

1080

ПСЖ е во големи и сериозни проблеми. Имено не се проблем парите како во Барселона, туку проблем е тоа што мора да заработи под итно, во најскоро време 100 милиони евра ако сака да не добие казна поради финансиски фер – плеј. Па така “светците“ сега во во јануарскиот преоден рок ќе мора да продаваат играчи и тоа повеќе ако сакаат да се спасат од казна.

Имени познати се правилата, без разлика колку пари има газдата и колку може да „вбризгува“ во клубот, самиот клуб исто така мора да заработува.

Инаку седум играчи веќе се на трансфер – листата. Тоа се Јулиан Дракслер, Абду Дијало, Тило Керер, Лајвин Курзава, Серџо Рико. Јасно е дека од овие сите тешко дека ќе соберат 100 милиони евра, па затоа ќе мора да се продадат и Рафиња и Икарди, ако не и уште некој екстра.

ПретходноПовторно заедно со Ибраими: Алими потпишува со Ксанти!
Следно„Не можам да сфатам најдобриот голман во светот да биде резерва!“