Ѓоргиев: Оваа победа е важна за нашата самодоверба

136

Помладите ракометари без помошта на овие стандарни ракометари, вечерва во Маврово остварија важна победа, го совладаа Кувајт со 31-21 во првиот контролен меч во подготовките за ЕП 2022.

„Во целина сум задоволен од мојата игра и од играта на моите соиграчи, оваа победа е важна за нашата самодоверба. Советите на селекторот Лазаров ни помогнаа во второто полуврем, почнавме да играме подобро, да реализираме од чисти ситуации. Ние младите ракометари се трудиме максимално да се наметнеме и да го прифатиме овој систем, се надеваме дека на најдобар можен начин ќе ги завршиме подготовките и ќе се најдиме на списокот за ЕП“, изјави Ѓоргиев, кој постигна три гола во победата на Македонија.

ПретходноЛазаров: Не може да не понесе еуфорија, Кувајт не може да се спореди со Словенија или Данска
СледноСерафимов во тимот на полусезоната во Унгарија