Јокиќ ја прекина серијата порази на Денвер (ВИДЕО)

167

Осум натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата, која и натаму се справува со инфекциите со Ковид-19. Во последниот, можеби и најинтересниот меч синоќа, Денвер славеше во Калифорнија на гостувањето кај ЛА Клиперс со 103:100 и успеа да ја прекине серијата од два последователни порази.

Никола Јокиќ со 26 поени и 22 скока повторно имаше „дабл-дабл“ учинок и беше еден од најдобрите кошаркари на паркетот, лидер во победата на Нагетс.

Дополнително, српскиот центар забележа осум асистенции со две украдени топки и две блокади.

На истокот, Филаделфија славеше против Вашингтон со 117:96. Џоел Ембид беше на висина на задачата со 36 поени и 13 скока. Четвртопласираниот на Истокот, Мајами Хит (21-13) го победи Орландо со 93-83 во дербито на Флорида, додека Чикаго (20-10) ја совлада Индијана Пејсерс со 115-103.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Мајами – Орландо – 93:83

Кливленд – Торонто – 144:99

Вашингтон – Филаделфија – 96:117

Сакраменто – Мемфис – 102:127

Оклахома Сити – Њу Орлеанс – 117:112

Сан Антонио – Детроит – 144:109

Чикаго – Индијана – 113:105

ЛА Клиперс – Денвер – 100:103

ПретходноРангник призна: Марсијал инсистира да си замине
СледноМанчини: На баражот мислам по неколкупати на ден, но ќе одиме на СП и ќе го освоиме!