Колина откри како ќе работи новиот ВАР: Офсајдот ќе се следи со 12 камери

489

Некогашниот најдобар светски фудбалски судија, а денеска претседател на судиската комисија на ФИФА, Италијанецот Пјерлуиџи Колина, пред италијанските медиуми откри детали за тоа како ќе функционира новиот, подобрен ВАР систем кој е во фаза на тестирање. Од ФИФА најавија дека се задоволни од досегашните тестови и се надеваат дека новата технологија може да се употреби веќе на Мундијалот во Катар следната година.

„Главните промени се на утврдување на офсајдот во реално време за да нема долги прекини при прегледување на снимките. засега сме задоволни од тестирањата. Офсајдите со новата технологија се одредуваат преку 10 до 12 камери кои детектираат 29 точки од телото на играчот, 50 пати во секунда. Софтвер ги анализира податоците во реално време, совршено пресметувајќи го моментот во кој се одвива преминот и позициите на играчите. Не само тоа, тоа го прави со веќе вметнување на линии за да се истакне офсајдот. Потоа автоматски ги испраќа до станицата на ВАР која во тој момент веќе има одговор да му даде на судијата во случаи на офсајд. Секако ќе биде многу побрзо од денес“, вели Колина. 

ПретходноЛече има понуда за Несторовски: Позајмица, па договор ако се вратат во Серија А!
СледноНа три недели до Австралија Опен: И Русинот Рубљев закачи Ковид-19