Мартин Поповски стави потпис на нов договор со Амичитија!

329

Мартин Поповски, повремениот македонски ракометен репрезентативец и во следниот период ќе биде дел од Амичитија. Имено тој потпиша нов договор со клубот од Швајцарија.

Поповски во тимот од Цирих дојде во 2020 година од таборот на Т. Пролет, а претходно беше дел од Вардар.

Инаку Поповски своите стандардни настапи за репрезентацијата ги имаше кога селектор беше Лино Червар.

Одлуката да останам беше лесна, довербата која ми е дадена од страна на раководство на клубот направи да биде така. Се разбира дека сум задоволен што ќе бидам дел од Амичитија и во наредните две сезони“ изјави покрај другото Мартин Поповски.

ПретходноНБА повторно ги менува правилата поради Ковид-19
СледноКорона во тимот на Столе: Рајо пријави 17 позитивни фудбалери, Македонецот не тренира!