По Арменд Алими и Рубин Хебај, Шкендија може оваа зима да остане и без Мевљан Мурати, некогашниот десен бек на младата репрезентација на Македонија за која настапи и на ЕП во Полска во 2017 година.
Имено како што пренесуваат медиумите кај нашиот западен сосед, тимот на Егнатиа, член на елитната лига во Албанија доставила понуфа до фудбалерот на Шкендија. Да потсетиме дека нов тренер на Егнатиа е нашиот Зекирија Рамадан коуј не крие дека го посакува дефанзивецот на актуелниот шампион на Македонија.
Инаку Мурати пред 8 години играше во Албанија, и тоа во тимот на Партизани.