Официјално: Феран Торес е нов член на Барса!

169

Готово е, официјално е. Феран Торес, актуелниот репрезентативец на Шпанија и сега веќе екс фудбалер на Манчестер Сити, од денеска е нов член на Барселона. Ова попладнево го потврдија од таборот на каталонскиот гигант кои на своите социјални мрежи му посакаат добредојде на 21-годишниот офанзивец.

Инаку Торес и Барса се обврзаа на договор до 2027 година, а трансферот вреди 55 милиони евра, имено толку Барса треба да му плати на Сити за Феран Торес.

Сепак нејасно е кога Феран ќе дебитира, ако се знае дека Барса засега не може да го регистрира.

Инаку познато е дека откупната клаузула за Торес изнесува дури една милијарда евра.

ПретходноОчекувано: Дејан Георгиевски избран за најдобар спортист на град Скопје!
СледноМевљан Мурати се сели во Албанија, во тимот на Зекирија Рамадан!?