Според „Ultras World“ кој ги бира секоја година најдобрите навивачи или навивачки групи во светот, за оваа 2021 година за најдобри избрани се оние на Легија Варшава. Полските фанови или ултраси на овој клуб едноставно немаат конкуренција, вистински “махери“ се за кореографија и за тоа на каков начин го бодрат својот тим.
Интересно, на второто место се “Делиите“, навивачите на Ц. Звезда.
На трето место се фановите на Зенит, а потоа следуваат оние на Олимпик Марсеј, Брондби, Ѓургарден, Копенхаген, Славија Прага, Ференцварош и Рух Хоржов.
ФОТО: Eurosport