Бенфика се раздели со тренерот Жесус

2185

Португалска Бенфика го отпушти тренерот Жорж Жесус поради лошите резултати и неразбирањето меѓу стратегот и фудбалерите. Бенфика и Жесус се договориле за обостран раскин на договорот, соопштија од клубот. Исто така клубот соопшти дека тренерот на Б тимот Нелсон Верисимо ќе раководи со првата екипа до крајот на сезоната.

И покрај тоа што Бенфика успеа да се пласира во осминафиналето на ЛШ, во првенството многу лошо игра. Испаѓањето од Купот и и серијата на лоши резулати во шампионатот ја прелија чашата од незадоволство, па одлучено е Жесус да замине. Пред мечот со Порто во четвртокот Жесус влезе во конфликт со еден од фудбалерите Пици.

Се шпекулира дека Жесус може да се врати на кормилото на бразилски Фламенго.

ПретходноШевченко и капитенот Кришито „закачиле“ Ковид-19
СледноОд денеска Елмас е најскапиот македонски фудбалер во историјата!