Во тек е 19. редовно коло во Премиер лигата, а во денешниот попладнвен термин се одиграа три мечеви.
Екипата на Вест Хем со 1:4 славеше кај тимот на Ватфорд, иако домаќинот по само 4 минути игра преку Денис дојде до стартно водство. Тоа само очигледно го разлути гостинот кој уште во првиот дел преку Соучек односно Бехрама стигна до пресрт и 1:2. Ветеранот Нобл од пенал по еден час игра зголеми на 1:3, а во самиот финиш Влашиќ ги постигна конечни 1:4.
Од друга страна Тотенхем не успеа да освои полн плен на гостувањето кај Саутемптон и одигра само 1:1. Ворд Праус го доведе домаќинот во водство, а Хери Кејн од пенал израмни на 1:1 пред полувреме. И покрај иницијативата во вториот дел „Спарси“ не успеаа да дојдат до водство и евентуален триумф.
Во последниот дуел од овој термин Кристал Палас на свој терен рутински го доби Нориџ со 3:0.