Двајца позитивни на Ковид-19 и во Барселона, го пропуштаат мечот со Мајорка

290

Дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш е позитивен на коронавирус, соопштија од каталонскиот клуб.

Покрај Алвеш, коронавирусот беше откриен и кај Клемент Ленгле, како што беше претходно објавено. Двајцата дефанзивци ќе го пропуштат денешниот тренинг и најверојатно нема да можат да настапат против Мајорка на 2 јануари.

Алвеш се врати во Барселона во ноември годинава, кога потпиша договор до крајот на сезоната. 38-годишниот Бразилец досега нема играно на официјални натпревари, но учествуваше во пријателскиот натпревар со Бока Јуниорс.

ПретходноВрањеш: Прва цел е да ја победиме Македонија!
СледноЛазаров: Повик е повик, но настап на официјален меч мора да се заслужи!