ЕХФ: Тешко е да се каже дали Македонците се погорди на Лазаров или на нивниот ајвар

2275

Како загревање пред Европското првенство во Унгарија и Словачка, ЕХФ излезе со интересен текст, направи листа на херои, кои имаат посебни места во ракометот. Во друштво на Јиха, Душебаев, Лавров, Сигурдсон… се најде секако и македонскиот селектор и лидер во репрезентацијата Кирил Лазаров.

ЕХФ има интересен вовед во делот посветен на Лазаров.

„Тешко е да се каже дали Македонците се повеќе горди на Кире Лазаров или на нивниот Ајвар, но Лазаров сигурно е на врвот, поради многу добра причина.

Тој е еден од најголемите неопени херои на ЕП кога се работи за титулите, но никако не смеат да се занемарат неговите индивидуални остварувања. Сагосен со 65 гола во 2020 не го сруши рекордот, Лазаров беше прв стрелец на вечната листа стрелци на ЕП со 61 гол на ЕП 2012 година.

Сагосен одигра девет, а Лазаров само седум меча. Иако бил најдобар стрелец на ЕП, СП и во ЛШ – сепак никогаш не бил во идеалниот тим кога се работи за настапите на репрезентацијата на големите натпреварувања. Шансите сепак не се загубени, како икона на македонскиот ракомет тој сега е селектор, а кој знае што може да освои со неговата нова улога?“, се прашува ЕХФ.

Македонија ќе биде единствена репрезентација чиј селектор истовремено ќе биде и лидер на теренот.

ПретходноПочина братот на Марадона
СледноВест Хем со пресврт со гостинска победа, Тотенхем не успеа кај Саутемптон (ВИДЕО)