Кисела Вода му даде благодарница на Трајковски

705

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски доби благодарница од страна на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски поради неговиот допринос за успесите на фудбалската репрезентација. Трајковски е еден од најдобрите фудбалери во националниот тим, со своите голови и одлични настапи ја предводеше Македонија до историското ЕП 2020 и пласман во баражот на Мундијалот. Општината Кисела Вода реши да му се заблагодари на својот сограѓанин кој е дете на локалната Цементарница 55, а од клубот од Кисела Вода отиде во странство.

ПретходноОд денеска Елмас е најскапиот македонски фудбалер во историјата!
СледноСкај спортс: Севиља сака да го позајми Марсиал