Лече има понуда за Несторовски: Позајмица, па договор ако се вратат во Серија А!

354

Италијанскиот второлигаш Лече доставил прва понуда до Удинезе за ангажман на нашиот репрезенттаивец Илија Несторовски. Како што утрово пишуваат медиумите блиски до Лече, клубот во чии редови до неодамна настапуваше и Бобан Николов, понудил да го земе Несторовски на позајмица до крајот на сезоната, со опција да му ја плаќа платата и да исплати извесна отштета доколку реши да го ангажира со договор следната сезона, но само во случај Лече да обезбеди промоција во Серија А.

31-годишниот Несторовски влегува во последните 6 месеци од договори и може да преговара за трансфер во друг клуб вече од 1 јануари.

ПретходноТрето заминување: Најголемата сензација во ЛШ останува без половина тим
СледноКолина откри како ќе работи новиот ВАР: Офсајдот ќе се следи со 12 камери