Марсело станува бизнисмен, купи португалски фудбалски клуб

488

Бразилецот Марсело кој е фудбалер на Реал Мадрид повеќе од 15 години е сопственик на португалскиот второлигаш Мафра, соопшти порталот ТНТ Спортс. Освен тоа бразилскиот бек има намера да инвестира и во татковината.

Марселона има договор со Реал до 2022 година, но веќе мисли за работа по фудбалот. Уште во 2017 година тој стана член на инвестициски фонд кој го купи скромниот бразилски клуб Асурис од градот Парана. Идејата е португалскиот Мафра да биде „европска витрина“ за фудбалерите кои се развиваат во Асурис.

Марсело ги следи стапките на сонародникот Роналдо кој е сопственик на Ваљадолид.

 

ПретходноСкај спортс: Севиља сака да го позајми Марсиал
СледноМбапе: Сигурно нема да отидам во Реал во јануари