Мундо Депортиво ги наседна сите: Роналдо во преговори со Барса, ќе живее во ќуката на Меси

1060

Манчестер Јунајтед вчера одигра нерешено 1-1 против Њукасл во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ се намачија за да дојдат до бод на оваа средба, а на мета на критики се најде Кристијано Роналдо.

Според многумина тој не се вклопува во замислите на Ралф Рагник, на теренот изгледа изгубено.

Набрзо по оваа средба се појавија шпекулации за Роналдо, кој веќе во јануари може да го напушти „Олд Трафорд“ и да премине во редовите на Барселона.

Мундо Депортиво ги шокираше сите со објавата дека неговиот агент Мендеш веќе преговара со Жозе Лапорта. Роналдо не е премногу среќен во Јунајтед, очекувал многу повеќе со оваа екипа. Па според овој медиум Барселона нема ништо против тој да дојде, но единствен услов е да го раскине договорот со Јунајтед без обештетување.

Она што најмногу ја изненади јавноста е дека Пике, кој е главен во преговорите е да се погрижи Португалецот да живее во куќата на Лионел Меси.

Денешниот ден во Шпанија е познат како ден на шегата, па Мундо Депортиво успеа да сервира една информација како што доликува за 28 декември.

ПретходноНа три недели до Австралија Опен: И Русинот Рубљев закачи Ковид-19
СледноВрањеш: Прва цел е да ја победиме Македонија!