Петтиот светски тениски рекет, Русинот Андреј Рубљев е додаден на растечката листа на тенисери кои се позитивни на КОВИД-19 по настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Рубљев ја освои титулата во сингл на настанот во Емирати, победувајќи го двократниот олимписки шампион Енди Мареј во финалето.
Сепак, Русинот закачи Ковид-19 на само три недели до почетокот на Австралија Опен.
Рубљев тврди дека има „минимални симптоми“ и останува во изолација во Барселона. Канаѓанецот Денис Шаповалов вчера потврди дека бил позитивен на тестот по пристигнувањето во Австралија на серијата турнири пред првиот Грен слем во 2022 година.