Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како аналитичар за англиските телевизии, го коментираше ремито на неговиот поранешен тим против Њукасл во рамките на 19. коло на Премиер лигата.
„Без притисок, без желба. Основата на играта е да се бориме буквално во секоја епизода во која играчите на Манчестер Јунајтед постојано биле инфериорни. Беше навистина лош натпревар. Не можам да истакнам ниту еден момент со знак плус во играта на тимот. Нема ниту еден играч кој може да каже дека го дал најдоброто од себе. Тие беа еден куп плачковци. Погледнете ги што правеа на теренот. Рацете во воздух, поплаки за се. Го отпуштија последниот менаџер и ќе отпуштат многу други доколку продолжат во истиот дух“, вели Невил.