Уште една семејна трагедија го погоди семејството Марадона. Откако минатата година почина Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери во историјата, вчера од срцев удар почина и неговиот полубрат Хуго на свои 52. години.
И тој како и далеку попознатиот Диего беше фудбалер, а настапуваше своевремено за меѓудругото за Рајо Ваљекано и Австрија Виена.