Првиот потег на Роналдо, го отпушти тренерот Луксембурго

2186

Луис Назарио Да Лима Роналдо, легендарниот Бразилски фудбалер е новиот мнозински сосптвеник на тимот на Крузеиро. Овој легендарен фудбалски клуб, е средината каде што Роналдо ја започна својата кариера, и затоа „Ил Феномено“ сега го презема водењето на клубот за да го врати на старите победнички патеки.
Во таа насока е и првиот негов потег. Го отпушти досегашниот кормилар на екипата, инаку легендарниот Бразилски фудбалски тренер, Вандерлеј Луксембурго.

Тој го водеше Крузеиро од август годинава, и немаше некои посериозен успех, затоа што клубот во моментов е 14 на табелата во втората по ранг лига во Бразил. Луксмебруго има речиси 40 години работно искуство, а ги водеше своевремено и Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил.

FOTO: AS

ПретходноАндреј Кудијан е новиот напаѓач на Гостивар
СледноСахити од сега ќе игра за Косово