За разлика од поголемиот број клубови кои веќе години наназад главната фаза од зимските подготовки ја одработуваат во Анталија, Ренова по традиција престојува во Охрид. Тимот на Ќатип Османи и оваа зима ќе се подготвува во Охрид и тоа од 20 јануари до 2 февруари. Во текот на престојот покрај Охридското езеро, “гипсарите“ ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, засега договорени се “тестовите“ со Струга Трим Лум на 21 јануари и Воска Спорт на 29 јануари.
Инаку познато е дека пролетниот дел од тековната сезона започнува на 12 февруари, а Ренова на 5 февруари “генералката“ ќе ја има во Скопје и тоа против Работнички.
Во однос на трансферите засега нема ништо ново во овој клуб, си замина само Арѓент Гафури кој се пресели во Воска Спорт, сите останати играчи се под договор.