Сахити од сега ќе игра за Косово

2895

Некогашниот играч на нашиот Работнички, а во моментов членот на Сплитски Хајдук, Емир Сахити, одсега ќе го носи дресот на нашиот сосед Косово.

Го промени спортскиот пасош, затоа што досега беше дел од младинските репрезентации на Албанија. Ова го потврди Фудбалскиот сојуз на Косово, каде што Сахити имаше состанок со претседателот Агим Адеми.

Емир и неговиот брат Суад Сахити своевремено го носеа дресот на Работнички во времето кога овој клуб имаше големи успеси во Европа. Од тогаш мина доста време, а интересно е што и Суад и Емир се поменуваа како потенцијални репрезентативци и на Македонија. Суад Сахити беше и повикуван за У21 репрезентацијата и има неофицијален настап.

Foto: Matija Habljak/PIXSELL
ПретходноПрвиот потег на Роналдо, го отпушти тренерот Луксембурго
СледноШевченко и капитенот Кришито „закачиле“ Ковид-19