Серија А ќе го одложи дербито меѓу Јувентус и Наполи?

418

Големото дерби од 20. коло на италијанската Серија А меѓу Јувентус и Наполи може да биде одложен поради ситуацијата со коронавирусот. Според извори на италијанскиот печат, веќе два дена се разгледува опцијата во која натпреварот Јувентус – Наполи може да биде откажан поради зголемениот број на заразени со коронавирус кај италијанските фудбалери.

Натпреварот од ова 20. коло во италијанското првенство е закажан за 6 јануари во Торино. Италијанската Серија А во деновите по Нова година ќе има нови состаноци за да се утврди состојбата во двата тима, па во консултација со здраствените власти ќе се донесе финална одлука.

Претходно„Ѓаволите“ со доза на среќа избегнаа пораз на „Сент Џејмс Парк“ (видео)
СледноЧикаго ниже победи, Далас без Дончиќ славеше во Портланд (ВИДЕО)