Ентони Марсиал е на излезна врата од тимот на Манчестер Јунајтед. Французинот не е во плановите на менаџерот Ралф Рангник, па Марсиал и лично му се обратил со желба да си замине. На ова во клубот реагирале позитивно, уште да се најде клуб кој ќе го откупи големиот договор на напаѓачот.
Скај спортс пренесува дека екипата на Севиља е заинтересирана зимава во своите редови да го доведе Марсиал на позајмица, со право на откуп на лето.
Напаѓачот во моментов има 26. години, сезонава собра само нешто преку 300 минути на терен. Во Јунајтед е од 2015 година, а актуелниот договор му истекува во 2023 година.
Dave Thompson, Pool via AP via Guliver