Досегашниот играч на тимот на Брегалница, Андреј Кудијан во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на тимот на Гостивар.
Амбициозниот второлигаш зимава е во интензивна потрага по засилувања, па се реши за младиот напаѓач кој штотуку се врати од повреда и е желен за минутажа и силни мечеви.
Досега Гостивар зимава веќе ги промовираше, Ајрадин Цуцули, Ринор Ајдини, Муарем Муарем, Хусеин Демир, Енис Дервиши…