На три недели до Австралија Опен: И Русинот Рубљев закачи Ковид-19

276

Петтиот светски тениски рекет, Русинот Андреј Рубљев е додаден на растечката листа на тенисери кои се позитивни на КОВИД-19 по настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Рубљев ја освои титулата во сингл на настанот во Емирати, победувајќи го двократниот олимписки шампион Енди Мареј во финалето.

Сепак, Русинот закачи Ковид-19 на само три недели до почетокот на Австралија Опен.

Рубљев тврди дека има „минимални симптоми“ и останува во изолација во Барселона. Канаѓанецот Денис Шаповалов вчера потврди дека бил позитивен на тестот по пристигнувањето во Австралија на серијата турнири пред првиот Грен слем во 2022 година.

ПретходноКолина откри како ќе работи новиот ВАР: Офсајдот ќе се следи со 12 камери
СледноМундо Депортиво ги наседна сите: Роналдо во преговори со Барса, ќе живее во ќуката на Меси