Новак сепак ќе ја брани титулата на Австралија Опен!

348

Последните информации од Белград говорат дека Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот сепак ќе настапи на првиот Грен слем следната година кој се одржува во Мелбурн. Неговото учество на Австралија Опен е веројатно, посебно ако се знае дека вистинска сага стана изминатите месеци околу тоа дали Србинот ќе учествува или не, со оглед на тоа дека и тој самиот ја “подгреваше“ со тоа зошто не сакаше да каже дали е вакциниран или не.

Ако сето ова беше идеја да се направи маркетинг за него, во тоа тој и неговиот ПР-тим во целост успеаја. Имено главна тема во тенискиот свет во последните месеци е дали Новак ќе ја брани титулата во Мелбурн или не.

ПретходноОстанува ли А. Пандев без ударниот тандем Мирчевски – Маронг!?
СледноФановите на Легија Варшава се најдобри навивачи во светот, “Делиите“ на второ место! (ВИДЕО)