Останува ли А. Пандев без ударниот тандем Мирчевски – Маронг!?

1508

Како што велат нашите информации, може лесно да се случи оваа зима екипата на Академија Пандев да остане без ударниот напаѓачки тандем Мирчевски – Маронг. Имено познато е дека за првиот “бомбардер“ на екипата, но и на лигата силно е заинтересирана турската Маниса. Засега нема официјални преговори, но тој трансфер е можен.

Најново е тоа што Осман Маронг, интернационалецот од Гамбија би можел да си замине со оглед на тоа дека и за него интерес пројавуваат повеќе клубови од странство. Се разбира дека и Мирчевски и Маронг ако би си заминале, тоа ќе можат да го направат само со дозвола на А. Пандев зошто и двајцата се под договор.

Покрај Мирчевски и Маронг, менаџери и клубови прашуваат и за младите Ѓорѓиевски и Стојчевски.

ПретходноМевљан Мурати се сели во Албанија, во тимот на Зекирија Рамадан!?
СледноНовак сепак ќе ја брани титулата на Австралија Опен!