Трето заминување: Најголемата сензација во ЛШ останува без половина тим

1913

Најголемото изненадување во Лигата на шампионите оваа сезона, молдавски Шериф Тираспол, полека останува без најголем дел од костурот на тимот кој сезонава ги донесе најголемите успеси во историјата на клубот. Како што објавија локалните медиуми, и трет фудбалер веќе го напушти клубот оваа зима.

Станува збор за бразилскиот фудбалер Кристијано, кој кариерата ќе ја продолжи во својата татковина. Левиот бек на молдавскиот клуб ќе потпише договор со Флуминенсе до 2024 година, кој за него плаќа седум милиони евра.

Тој моментално се наоѓа во Рио де Жанеиро каде ужива со семејството, а по веќе ги договорил сите услови со Флуминенсе.

Покрај него, тимот го напуштија стоперот Данило Арболеда и играчот од средниот ред Франк Кастанеда, а најавени се уште неколку заминувања.

ПретходноКонте во офанзива: Тотенхем подготви 60 милиони евра за дуо на Јувентус
СледноЛече има понуда за Несторовски: Позајмица, па договор ако се вратат во Серија А!