Чилвел оди на операција, за него заврши сезоната

127

Страдаа вкрсените лигаменти на дефанзивецот на Челзи, Бен Чилвел и тоа ќе мора да замине на  итна операција. Аналогно на тоа потребен ќе биде долг рехабилитационен период, што значи дека за него сезоната заврши.

Чилвел се повреди пред околу еден месец, на мечот од Лигата на Шампионите против Јувентус.

Тој имаше сериозна улога во ротацијата кај тренерот Томас Тухел, што значи дека можно е Челзи зимава дури и да се активира на пазарот и да бара замена за него.

 

ПретходноВест Хем со пресврт со гостинска победа, Тотенхем не успеа кај Саутемптон (ВИДЕО)
СледноРенова си закажа “тестови“ со Струга ТЛ, Воска… “генералката“ со Работнички