Абгонлахор: Роналдо нека не шири раце, нека им помогне на младите играчи (ВИДЕО)

517

Тимот на Јунајтед и покрај промените од типот на носење нов менаџер, и доведување на Кристијано Роналдо на пример сеуште се мачи и резултатски и играчки. Зошто е тоа така аналитичарите имаат најразлични теории, но многумина се согласуваат во едно. Дека Роналдо, и неговата улога во тимот треба, мора да биде поинаква.
Тој е еден од најголемите на сите времиња, сеуште е во врвна форма, и е огромен авторитет на терен, но и во соблекувалната, па како таков мора да делува позитивно на младите играчи во тимот.

Типичен пример на оваа тема е мечот против Њукасл на кој Јунајтед не победи и на кој Роналдо не одигра како што треба. Сепак, тој не реагираше добро ниту на потезите на помладите играчи, кои кога ќе погрешат, Португалецот само шири раце.

„Доколку сте Гринвуд, Рашфорд или Санчо и лошо додадете или центрирате Роналдо во тој случај крева раце и се буни. Разбирам дека е еден од најдобрите но на младите играчи им треба поддршка. Тоа Роналдо мора да го разбере“ – изјави Габриел Абгонлахор, некогашниот голем напаѓач на Астон Вила во анализата на мечот Њукасл – Манчестер Јунајтед.

FOTO REUTERS/Scott Heppell

ПретходноКлоп: Не личевме на себе, премногу играчи не беа на потребното ниво
СледноМирчевски оди кај Тричко во Ларнака