А, кој друг? Сон повторно е избран за играч на годината во Ј. Кореја!

93

Хенг – Мин Сон и повторно, по шести и тоа рекорден пат, е избран за играч на годината во Јужна Кореја. Офанзивецот на Тотенхем, еден од најдобрите напаѓачи во Премиер – лигата и овојпат немаше вистинска конкуренција, па затоа на медиумите и на Фудбалската федерација на Ј. Кореја не им беше тешко да го прогласат токму Сон за најдобар фудбалер на таа земја за 2021 година.

Сон за Тотенхем во минатата сезона постигна 22 гола, а за својата репрезентација четири погодици во квалификаците за СП во Катар 2022.

Ова е трета награда за најдобар во Ј. Кореја за Сон, инаку вкупно шеста.

ПретходноРакометарите на нов тест со Кувајт
СледноДобри вести: МТВ ги откупи правата за пренос на Европското првенство