БОМБА!!!! Интер добива нов газда за милијарда долари и станува најбогатиот клуб на светот

5629

Доцна синоќа по Европско време, како гром од ведро небо осамна веста дека тимот на Интер добива нови газди, и тоа не било какви.

International Business Times објави дека клубот од Милано, односно мнозинството од акциите ќе бидат купени од страна  на PIF, Инвестициски фонд од Саудиска Арабија, кој е еден од најголемите во светот. Истиот располага со околу 400 милијарди долари во 13 различни сектори.

Познато е дека Интер има огромни финансиски проблеми и дека е во минус од околу 320 милиони долари до минатата сезона, иако беше освоено скудетото. Лукаку и Хакими беа продадени, и се доби прилив од околу 150 милиони, но и натаму клубот на месечно ниво е во минус од 15 милиони евра. Ова се официјални бројки според она што го пренесуваат медиумите, па нормално е што клубот и добива нови газди.

Официјалното предавање на новите газди на Интер ќе се случи час поскоро, а со тоа овој клуб ќе стане најбогатиот во светот. Пред Њукасл кој исто така доби пребогат сопственик пред неколку месеци. Со ова Саудиска Арабија сериозно влегува во светот на фудбалот како еден од главните играчи заедно со Катар (ПСЖ) односно Обединетите Арапски Емирати (Манчестер Сити)

 

ПретходноЛеброн и Вестбрук со двоен „трипл – дабл“ за победа на Лејкерси (ВИДЕО)
СледноКлоп: Не личевме на себе, премногу играчи не беа на потребното ниво