Нема опуштање: Лазаров им даде само ден одмор, ракометарите ќе тренираат на 1. јануари

457

Со оглед на тешката задача која Македонија ја чека на Европското првенство, секој ден, час и минута се важни во подготовките за настапот на овој шампионат. Точно е дека по завршувањето на клупските обврски времето за одмор беше кратко, но кога станува збор за националниот дрес нема простор за изговори.

За Кирил Лазаров ова ќе биде прво големо натпреварување како селектор, а со оглед на неговиот карактер и професионалност, не е ни малку чудно што репрезентативците ќе добијат само еден ден одмор.

Како што најави по денешниот меч, утре ќе тренираат во Маврово, а потоа ќе се вратат во Скопје. Ракометарите ќе бидат слободни само на 31. јануари, веќе на првиот ден од годината ќе продолжат со подготовките за ЕП 2022.

Во Скопје, македонската репрезентација ќе одигра уште две пријателски средби, против Израел на 3. и 4. јануари. Најверојатно ракометарите ќе имаат уште еден ден одмор за Бадник или Божиќ.

За Дебрецин, градот домаќин на нашата група А, Македонија ќе замине на 11. јануари, два дена подоцна го игра првиот натпревар против Словенија.

ПретходноКако растеше цената на „Дијамантот“: Од 500.000 евра во Фенер до 24 милиони во Наполи (ФОТО)
СледноДејан Георгиевски е спортист на Македонија за 2021 година! (ФОТОГАЛЕРИЈА)