Пепи Горгиев се раздели со Теута!

2611

По само шест месеци минати во Теута, во редовите на шампионот на Албанија, Пепи Горгиев се раздели со овој клуб. Да потсетиме дека еден од најдобрите голгетери во ПМФЛ за минатата сезона, во јули од Силекс направи трансфер во Теута, но сега веќе е слободен играч и може да оди во било кој клуб.

Инаку Горгиев во минатото има играно за Кожув, Беласица, Брегалница и како што веќе напоменавме, во Силекс.

Да кажеме дека минатото лето тој беше трансферна цел на Шкендија, но се одлучи да замине на печалба во Албанија.

ПретходноКилде со триумф во Бормио, Влхова победи во Линц!
СледноКлисман Цаке има понуди од клубови од Унгарија и Хрватска!