Роналдо на мета на критики поради најсрамниот потег во кариерата

731

Кристијано Роналдо по којзнае кој пат во својата кариера покажа дека не е истиот човек кога победува и кога ќе изгуби. Овој пат според многумина претера.

Тешко е дека португалскиот фудбалер ќе ја има истата љубов која навивачите на Манчестер Јунајтед му ја пружаат, но тој не знае да врати на вистински начин кога во поразите.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 на гостувањето кај Њукасл, екипа која победи на еден меч во последните 19 што пак е големо разочарување.

Откако судијата означи крај, дел од играчите на Јунајтед отидоа под трибините каде беа сместени гостинските фанови, ги имаше околу 3.000, дел од нив минаа долг пат за да дојдат да ги бодрат.

Меѓу нив не беше Роналдо, потег кој сите го осудија. Португалецот веднаш замина во соблекувалната како никој друг да не постои на теренот.

ПретходноДобри вести: МТВ ги откупи правата за пренос на Европското првенство
СледноКлупска статистика по 12. одиграни кола: Пелистер со полусезона за паметење