Велбек го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 91. минута (ВИДЕО)

1154

Со голот на Дани Велбек во 91. минута, Брајтон успеа да му откине бод на европскиот шампион Челзи на гостински терен во еден од последните дуели од 20. коло во Премиер лигата. Иако водеа до самата завршница, „сините“ не успеаја да ја зачуваат предноста обезбедена со голот на Лукаку во 28. минута, и останаа само со еден бод во трката со Ливерпул и Манчестер Сити за врвот на табелата.

По победата во последниот меч, Челзи го забележа третото реми во последните четири меча во Премиер лигата кое го става на второто место зад Сити со бод предност пред Ливерпул, но и натпревар повеќе од „црвените“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДејан Георгиевски е спортист на Македонија за 2021 година! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЗамина од клупата на Полска, плати 300.000 евра и потпиша за Фламенго