Добри вести: МТВ ги откупи правата за пренос на Европското првенство

353

Настапот на македонската ракометна репрезентација ќе биде директно пренесуван на Македонската радио телевизија. Денеска и официјално стигна убава вест, откупени се првата за Европското првенство во Унгарија и Словачка, претходно право да ги пренесува овие дуели имаше Арена Спорт.

Кирил Лазаров и неговите момци играат во групата А заедно Словенија, Црна Гора и Данска. Првиот меч, Македонија го игра на 13. јануари против Словенија, два дена подоцна е дуелот со црногорската селекција, групната фаза ја затвараме против Данска.

 

ПретходноА, кој друг? Сон повторно е избран за играч на годината во Ј. Кореја!
СледноРоналдо на мета на критики поради најсрамниот потег во кариерата