Напаѓачот на Наполи Лоренцо Инсиње ќе му се приклучи на Торонто како слободен фудбалер, а по оваа одлука на италијанскиот фудбалер се појавија реакции на навивачите на социјалните мрежи. Според „Спортмедиасет“ 30-годишниот репрезентативец одлучил на крајот на сезоната да се пресели во редовите на Торонто и да игра во МЛС лигата.
Неговиот договор со Наполи истекува во јуни, а клубот од Неапол не сака да ја подобри понудата и се држи на 3,5 милиони евра по сезона, додека играчот бара најмалку 5 милиони евра.
Торонто му понудил многу повеќе дури и бонуси.
Фановите со низа реакции на социјалните мрежи и со прашања до фудбалерот. Се прашуваат како може од Наполи и од Серија А да оди во Торонто и да игра преку Океанот.