Интер ќе земе германски репрезентативец без пари

319

 

Раководството на Интер ја разгледува можноста да го привлече германскиот репрезентативец Матијас Гинтер во текот на летниот преоден рок, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Одбранбениот фудбалер претходно изјави дека нема да го поднови договорот со Борусија Менхенгладбах и ќе си замине како слободен фудбалер на крајот на сезоната.

Интерес кон Гинтер интерес има и од други клубови. Лани беше желба на Баерн, а не е исклучено „Баварците“ повторно да се вклучат во трката.

Инаку Интер веќе има едно сигурно засилување од идната сезона. Како слободен играч од Ајакс ќе дојде камерунскиот голман Андре Онана.

ПретходноСловенија покажа сила против Хрватска на првата контрола пред ЕП
СледноЛазаров: Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме